Полно применливи идеи за подобар град

Ден на идеи на локалната самоуправа

Педесетина граѓани му ги презентираа своите идеи на поединечни средби на градоначалникот Марјан Ристески и неговиот тим за новиот проект на локалната самоуправа, наречен “Ден на идеи”. Ристески констатира дека првите неколку средби сведочат дека граѓаните покажуваат интерес,а нивните рамисли претставуваат солидни и применливи идеи, кои со дополнувања би се реализирале, зашто се од значење за пошироката заедница. Ќе ги користиме идеите. Тоа не значи дека сите ќе се реализираат. Тоа што е добро и е во контекст на буџетот и финансиската можност на општината, а е позитивно за квалитетот на животот, веднаш ќе добие приоритет – рече првиот човек на градот. Горан Апостолоски смета дека би било од општа полза да се постави база на податоци на сите спортисти и спортски колективи. Идеи за паркинг простори даде Кире Станкоски. Локалните власти ќе организираат еднаш месечно “Ден на идеи”.

Loading