Одговорна компанија е Прилепската пиварница

Прилепска пиварница доби признание за посветеноста во намалувањето на разликите на лицата со посебни потреби. Ова признание им го додели министерот за правда Блерим Беџети на манифестацијата “Различни, а еднакви”. Прилепска пиварница влезе меѓу општествено одговорните компании со големиот број донации за лицата со посебни потреби, поткревањето на јавна свест за групите во општеството, на кое им треба поголема поддршка и други активности. Компанијата, која е наше семејство, каде дом имаат околу 250 вработени, се обидува позитивната енергија да ја пренесе насекаде каде може, на различни начини. Се надевам дека успеваме – рече генералниот менаџер Сашко Самарџиоски.

Loading