ФИЛИП ВТОРИ И ВО ПРИЛЕП

Преку приватната здравствена установа  “Цитадела”

Покрај ендоскопија, се врши и ехокардиографија со што пациентите не треба да патуваат во Скопје

Веќе две години постои приватната здравствена установа по интерна медицина и ендоскопија на д-р Радмила Јорданоска. Од неодамна оваа здравствена установа, во соработка со специјалната болница Филип Втори, на прилепчани им ги нуди сите врвни современи кардиолошки прегледи и контроли. Со стручен тим на доктори од Филип Втори, пациентите се поштедени од дополнителни трошоци и патувања до Скопје, а добиваат врвна здравствена услуга. Сето специјалистичко знаење и искуство по интерна медицина, стекнати не само при работењето во прилепската болница, туку и на голем број обуки, семинари и усовршувања, сопственичката Радмила Јорданоска го насочила во отворањето на приватната здравствена установа, која í овозможи знаењето и методите соодветно да ги примени во интерес на пациентите. Од 1986 година до 2009 г. работев во болницата, во интерното одделение. Ја засакав интерната медицина и поминав многу едукации. Почнав со дијализа, па на специјализација по интерна медицина, а бидејќи никој не сакаше да оди на гастроскопија, која беше потешка метода, отидов да се унапредувам, но и да бидам во мојот град од детството, Скопје. По шестмесечната едукација, во болницата немаше апарат и стекнатото знаење не можев да го применам, покрај дополнителната обука во Германија. По долго време, откако се набави апаратот, повторно бев на обука во Воената болница во Скопје. Во меѓувреме, со помош на колегите од Воената болница, ја воведовме гастроскопијата во прилепската болница. По повеќе години работа со обичен гастроскоп немаше можности да се усовршува ендоскопијата, иако инсистирав за набавка на видео апарат, кој нуди можност на екран да се следи и сними состојбата. Втората метода, која ми беше предизвик е колоноскопијата – дијагностичко испитување на дебелото црево, која не се воведе. Заминав од болницата, оти не гледав перспектива за напредок. Бев премногу ангажирана со прегледи за дијабетот, ендоскопијата, дежурав, работев во амбулантата, водев пациенти. Не остануваше време за методите кои ги сакав – вели Радмила Јорданоска, специјалист по интерна медицина. Ендоскопијата која единствено се изведува во Прилеп, ја вршат со современи апарати со можности за снимање. Во амбулантата вршат гастроскопија – преглед на желудникот со специјална камера и преглед на дебелото црево, консулација и регулирање на шеќерна болест и други интернистички прегледи. Во соработка со специјалната болница Филип Втори ќе ја воведат методата ехокардиографија, за што Јорданоска во 1996 г. година во Салзбург посетувала едукација. За пациентите ќе биде од огромно значење, бидејќи нема да патуваат во Скопје. Овде многу побрзо и поефтино ќе ги добијат потребните прегледи. Преку моето знаење и услугата во консултација со колегите од Скопје, можеме да процениме дали треба да се оди на итна интервенција или испитување или пак потребна е медикаментозна, промена на терапијата – вели Јорданоска. На пациентите им гарантираат квалитетна услуга со современи апарати. Ги нудат сите интернистички прегледи, како и ЕКГ на срце, ехо на абдомен со што имаат цела палета на интернистички прегледи. Услугите на “Цитадела” ги користат и пацинети од Демир Хисар, Крушево, Македонски брод и Битола.

Loading