ЗРЕЛ “ПИВО ФЕСТ”

Dogodina jubilejno desetto izdanie na Pivo fest

Прилепчани – љубезни домаќини на 340 илјади посетители, кои испиле 248 илјади литри пиво, изеле 119 тони скара

Четири дена слава на пивото. Остана во меморијата уште една масовна манифестација, “Пиво фест”. Се празнеа една, две, три… кригли, се ужуваше во пивската пена со скараџиско мезе. Се пееше со трубачи, се веселеа околу 340 илјади гости до утринските саати. “Виновни” за забавата без граници беа групите Фолтин и Суперхикс, Кросроуд блуз бенд, белградската Ван Гог, Ламбе Алабакоски, Елена Ристеска, како и турбо фолкерите Гоце Арнаудов, Елена Велеска, Благица Павловска… Најголем кеф направија Харис Џиновиќ и Здравко Чолиќ.

Народ како “плева” во деновите за двете ѕвезди. Вриеше како во кошница, игла да нема кај да се фрли, а камоли да се застане. Секој се забавуваше по свој избор. Посреќните најдоа столица, други пивнаа пивце на нога. Еуфорично, во екот на турбо, трубачи, но и рок, на секоја чекор. Атмосфера на радост и насмеани лица, со по некој малигана повеќе. Атракција беа Ван Гог, не само со песната. Високите температури ги поткрена Харис Џиновиќ. И старо и младо пееше “Остариќу неќу знати”… Се точеа буриња пиво… Здравко Чолиќ предивика окупација на градот. Колони возила, многубројни гости од сите страни се слејаа во градот на пивото. А чола, не знае да затаи по етирир децении на естрадата. Во елемент, заедно со публиката, која френетично му аплаудираше и на старите, добро хитови, но и на новите. Летаа градници, маици, гаќи… Како голем шмекер ги прифаќаше и палеше обожавателите да пеат “Звао сам је Емили” и многу други, на тричасовниот настап. На епилогот, задоволни и гостите, учесниците, а богами и организаторите. Биле љубезни домаќини на 340 илјади посетители кои испиле 248 илјади литри пиво, изеле 119 тони скара. Потврдивме зрелост за организација на светска манифестација. “Пиво фест” влезе на мапата на големите фестивали на пивото. Ова е најголемиот настан во историјата на градот. Ги урнавме сите рекорди. Се функционираше беспрекорно, на висина на задачата. И полицијата, и вработените во ЈП за просторно и урбанистичко планирање и комуналците – рече градоначалникот Марјан Ристески. Догодина јубилеј – десетти “Пиво фест”. Треба да се потврди, надгради, збогати понудата со нови забавни и привлечни содржини. Подготвките стартуваа.

Loading