ПРОФЕСИОНАЛНА ПОЛИЦИЈА

Беспрекорната безбедност во незапамтената масовност заслуга е на организираноста и професионализмот на прилепската полиција. Било тешко за контрола, но биле на висина на задачата, иако настанот беше со степен на висок ризик. Сепак, Пивофестот мина во совршен ред. Настани од ваков тип претставуваат огромна одговорност, бидејќи безбедноста на над 350 илјади луѓе, буквално, е во наши раце. Добро ги испланиравме службите. Вложена е голема енергија, но тоа се “исплати”. Немаше ексцес да ја оцрни манифестацијата. Дојдените уживаа, а ние одговорно работевме. Имавме помош од Битола и припадниците на Единицата за брзо интервенирање – објаснува Драган Придаенкоски, командирот на ПС Прилеп.