СУГАРЕ ПАК ,,ПРАТЕНИК,, ОД СДСМ

Познати кандидатите за пратеници во ИЕ 4

Зоран Заев, актуелен струмички градоначалник е изборот на СДСМ и коалицијата за носител на листата на кандидати за пратеници во ИЕ 4, во која е вклучен прилепско – струмичкиот регион. На кандидатската листа се најде само еден прилепчанец. Екс пратеникот Горан Сугарески, повторно ја доби довербата да биде кандидат за пратеник, наверојатано во добитната комбинација со петтото место на листата, во која во првите неколку места се најдоа дури тројца струмичани. Нема друг кандидат од СДСМ од Прилеп на листата.

ЛДП ќе собира гласови со Нано Ружин

Либерално демократската партија во ИЕ – 4 ќе освојува гласови со Нано Ружин кој ја предводи листата на кандидати за пратеници. На третото место е Јане Станкоски, актуелен претседател на ЛДП во Прилеп, а на десетото е Бранко Хронески. Наташа Бунтеска се најде на 15 место на, додека на 19 место е Пеце Димоски. Од Кривогаштани на 18 место е кандидатот Зоран Чавкоски. На чело на ИЕ 6 во тетовско – гостиварскиот регион ЛДП ќе трча со нашата сограѓанка Роза Топузова – Кареска.

ВМРО – НП во трк со Велеска

Листата на кандидати за пратеници на ВМРО – НП во ИЕ 4 ќе ја предводи генералниот секретар на партијата Миле Јакимоски. Како што неофицијално дознаваме на листата од Прилеп ќе се најдат двајца кандидати. Најверојатно на третото место ќе биде Светлана Велеска. Уште еден кандидат од Крушеани би бил на средината на листата. Владимир Караџоски ќе биде втор на листата кандидати за пратеници на ПОДЕМ.

Loading