НА ПЛЕЌИ, БЕЗ ПОЛИТИЧКА БОРБА

Петар Василески, кандидат за пратеник на парламентарните избори 1994 г.

Разликата со кандидатот на СДСМ во вториот изборен круг била 30-40 гласа

Еден од над 150-те кандидати кои посакуваа да ја добијат пратеничката фотелја во 1994 г. беше и Петар Василески од Демократската партија на чело со Петар Гошев. Иако изборите се спроведуваа по втор пат, Василески смета дека народот повеќе верувал во демократијата. Сега се врши суптилно политичко насилие за да нема отпуштања од работа и стагнирање на кариерата. Медиумите заземаат политичка страна. Според него, и црквата е вклучена во изборната трка, а има и НВО кои се во функција на одредени партии. Стегите кон медиумите, според него, треба да се олабават и да се зајакне граѓанскиот сектор. Амбиентот пред изборите во 1994 г. беше многу подемократски и многу посвечен отколку сега. Имаше желба да се знае кој е кандидатот, какви квалитети има. Се гласаше за партија, но тогаш беше важно кој е кандидатот, односно личноста на листата, за разлика од сегашните избори кога исклучиво се гласа за политичка партија – вели Василески. Тој оценува дека била лоша проценка што Партијата каде тој бил кандидат се повлекла по првиот круг, наместо да води демократска борба и во вториот изборен круг. Смета дека во прашање биле лични интереси. Затоа биле повлечени кандидатурите. Според него, ВМРО – ДПМНЕ и ДП се повлекле од вториот круг од изборната трка, оти се сомневале во местење на изборите од страна на СДСМ. Се почувствува голема мерка на агресивност при настапот на владеачката партија СДСМ на денот на изборите. Групи посетуваа избирачки места, агитираа пред да влезат граѓанините. Имаше присуство на полицијата, постоеше психолошки момент на влијание при гласањето со присуството на униформирани лица. Разликата меѓу мене и кандидатот на СДСМ во вториот изборен круг беше незначителни 30-40 гласа. Но, ВМРО-ДПМНЕ и Петар Гошев заеднички се повлекоа, можеби за амнестирање од евентуален пораз. Откажувањето го доживеав како пораз, оти мислев дека треба да се оди до крај со борба – се потсетува Петар Василески. Кандидатите имале медиумски настап, дебати и постоела поголема демократичност отколку сега, кога се знае кој ќе биде кандидат. Според него, во овие пет години, место плурализам, имало едноумие од оние кои биле некогаш најголеми противници на тоа. На Македонија не и е потребен ваков парламент со апсолутно мнозинство. Нема да се случи уште еднаш. И СДСМ во 1994 г. кога беше на апсолутна власт, беше најлошиот дел од политиката за државата. Отсуството на ВМРО – Народна партија на претходните избори, му отвори пат на ВМРО-ДПМНЕ. Медиумите, невладините организации и црквата се предности кои ги има ВМРО-ДПМНЕ и ќе им овозможат да добијат поголем број пратеници во споредба со СДСМ – вели Василески. Василески оценува дека пропорционалниот модел со отворени листи, односно кандидати, е најдобар за избор на пратеници. Смета дека граѓаните не “паѓаат” веќе на еуфорија, на лаги за вработување или подобра социјала или образование. Насилство нема да има на изборите, ниту пак полнење на кутии.

ШТО СЕ СЛУЧИ СО ДЕМОКРАТСКАТА ПАРТИЈА?

– Се направи обид за здружување со Либералната партија, но спојувањето беше неприродно. На прилепско ниво, се загрозија личните суети и интереси. ЛП сакаше да доминира. Не ја следеше централната политика. Не може да има трета опција, бидејќи 20 години плурализам покажаа дека партиите од центар со два – три пратеници немаат големо политичко влијание – вели Василески.

НЕ – НА ПОЛИТИКАТА

Петар Василески беше директор на прилепската пошта која функција ја доживеал како некреативна и за личност без амбиции. Тврди дека сега е надвор и од ДП и од ЛДП и работи исклучиво како адвокат.

– Не верувам повеќе во политика. Уморен сум. Не сакам да сум во политички кругови каде се гледаат само личните интереси, а не на заедницата. Губев во политиката. Конкурирав во правосудството секогаш, кога мојата партија беше опозиција – вели Василески.

КОЈ Е ПОДОБАР ПОЛИТИЧАР – БРАНКО ИЛИ ГРУЈО?

– Бранко Црвенковски нема амбиција да биде премиер. Тој би бил влијателен претседател на партија и да биде коректор на власта. Помина сé во политичката кариера. Никола Груевски не може да се каже дека е лош политичар. Двапати добива избори. Кога се повлече Ѓеоргиевски, рече дека не треба да го потценува. Сега е во еуфорија и ниту е загрижен, ниту се плаши. Сигурен е дека ќе победи на изборите – вели Василески.

Loading