ШКЕМБАРСКО МАСЛО НА ЛЕБ ЗА ПРИЛЕПЧАНИ

Од фирмата Млин Стојчев од Битола

Инвестицијата на рафинеријата изнесува околу десет милиони евра

Производството е 4-5 илјади леба на саат, а техничката можност на рафинеријата е 100 – 120 илјади шишиња

Ривали отсекогаш биле Прилеп и Битола. Битолчани важеле за помодари, а прилепчани трудољубиви. Кон освојување на вкусовите на трудољубивите, покрај помодарите, тргнал битолчанецот Благој Стојчев со производството на леб од Битола и дистрибуција и во Прилеп. Фирмата Млин Стојчев од неодамна е производител и на се повеќе бараното масло за јадење, кое се најдува на трпезите, а го употребуваат домаќинките – битолското масло. Инвестицијата на рафинеријата изнесува околу десет милиони евра, и уште неколку за млинот и пекарницата. Носиме леб, оти прилепчани го бендисуваат. Фирмата датира од 1990 година, Тргнав со приватна иницијатива во агрономијата, оти сум инженер. Постепено растеше фирмата. Го создадов млинот, бидејќи ме влечеше производството, бев поткован со знаења и имав финансиска можност. Три-четири години по млинот никна и пекарницата. Мислев дека се “заситив”. Но, изгледа, не умеам да мирувам. Почнав да го градам импозантното здание, фабрика за рафинирање на сурово масло. Темелите се ставија 2009, а во 2010 година протече и се амбалжира рафинирано масло за јадење – раскажува на кусо за развојниот пат на Млин Стојчев, сопственикот Благој. Капацитетите на двата објекти се големи, по Хасап системот. Производството е 4-5 илјади леба на саат да се покрие Битола, Ресен, Прилеп и Демир Хисар. А техничката можност на рафинеријата е 100 – 120 илјади шишиња. Со интензивна неуморна работа, со деноноќни напори, со многу ангажман, технологијата се стави во функција навреме. Маслото е производ и за извоз, но поради високата цена и паритет, не е лесно да се пласира не само дома, уште повеќе надвор од границите. Тука малку помага највисокиот квалитет. Суштината на квалитетот е во најновата технологија, вградена во Битола, а која е последен здив на техниката во светот. Тоа е опрема од германски КРУП. Сета инвестиција чини околу десет милиони евра. Производството тече. Суровото масло од сончоглед од Бугарија, Србија, Украина се преработува. Фабриката ќе биде поискористена, а маслото поефтино, ако суровото масло доаѓа од македонски сончоглед, кој се преработува во Велес – кажува Стојчев. За Млинот и за репроматеријалите вели дека нема проблеми. Годинава има пад на производството на пченицата и енермно високи цени поради сушите во Кина и поплавите во Австралија. Ние сме минорни и не можеме да влијаеме на глобалната политика. Владата го ублажи ударот со пуштање на пченица по пониски цени од стоковите резерви вели Благој Стојчев, кој е и претседател на Регионалната стопанска комора на Битола.

Loading