600 БАРАЊЕ ЗА ПРИПИТОМУВАЊЕ НА ДИВОГРАДБИТЕ

Еден месец по Законот за легализација на бесправно изградените објекти

Дури 600 граѓани и фирми побарале легализација на бесправно изградените објекти за неполн еден месец од функционирањето на Законот. Од 4 март, кога секторот за урбанизам при локалната самоуправа го имплементира Законот, надминати се очекувањата. Илија Карески, раководител на секторот, вели дека поголем дел од барањата не се комплетни, но тоа не е пречка за имплементација. Примени се 600 барања. Повеќето не се комплетнни, без геодетски елаборат, кој е меродавен за постапката. Во вакви случаи, постапката се прекинува, но тоа не е за нервоза и стравување. Законот дозволува прекини, а продолжението е можно со донесување на елаборат – вели Карески. Недоразбирања има околу имотниот лист. Граѓаните не го вадат имотниот лист, туку го нарачуваат во геодетската куќа со се елаборатот. Таа ги обезбедува сите документи од имотно – правен аспект. Граѓаните треба само да поднесат барање и да се договорат со една од четирите приватнни геодетски куќи – објаснува Карески. Се очекува да бидат готови првите елаборати, комисијата да провери за за две недели, по што ќе “паднат” првите легализации. Неофицијално, во Прилеп ќе се легализираат четири-пет илјади дивоградби. Ако се знае дека за 20 дена, ќе се “припитомат” десет отсто од дивите објекти, тоа дава надеж дека до 3 септември, кога е крајниот рок, ќе може да се припитоматлегализираат сите објекти во градот.

Loading