РИСТЕСКИ КАКО РОБИН ХУД

Робин Худ е архетипски лик од британскиот средновековен фолклор, одметник кој крадел од богатите за да им даде на сиромасите. Главно оружје му е долг лак и стрела, кое му служи и како средство за ловокрадство. “Веселата дружина” на Робин Худ живее во Шервудската Шума. Робин најчесто е претставен како благородник кој го заштитува населението од корумпираните норманските благородници. Позитивниот лик на Робин Худ се поврзува со Леди Маријана. Легендата за Робин Худ ја оживеа во продукцијата на Меѓународниот карневал “Прочка 2011” прилепскиот градоначалник Марјан Ристески со сопругата Фанче и ќерката Михаела. Дотерани во рувото од средновековниот јунак, Ристески се појави на маскенбалот на гостите – учесници во ресторанот во хотелот Липа. Ристески отсекогаш бил не само заговорник, туку и со сопствен пример учествувал во враќањето на обичаите на преправање. Последниве години ги поттикнува младите да се маскираат за Прочка и да организираат забави под маски за оживување на традицијата во нови светла на завршницата на Карневалот.

Loading