ИНВЕНТИВНОСТ НА ПРОЧКА

Раскошни креации, крила раширени како лепези со паунови окца, пердуви, костими од маскенбали, од ликови од приказните, свилени циркуски креации и разнобојни андулирани перики – убаво легнати на лицата и главата зад луѓето… Традиционалната маска на мечкари со клоопотарци и каначки, Индијанците со жолтото злато од Тутунленд алијас Мажучиште, Спасувачи во најлон за да не се загадува, живи коњи, овци, мажоретки, ѓаволки, војници на штикли, лекари, полицајци и затвореници, мелници за жито, “црешово” топче, жешка забава во камионче, црни птици – преселници, мафија и царици, цветчиња на главчиња од дечиња, принцови, музичари, играорки, спортски “сениорки”, мексиканци и останати НАТО странци, спортисти со топки, свадби на стари веселници и пијани “женски” невести… политички ликови… Од сé по нешто на булеварот “Гоце Делчев”. Учесници од секаде, од разни возрасти и групно “дотерани” во исти костими за пред жири комисија. Дофатлива за око, прифатлива за полемизирање со пивце и мезе, за другарувањето и карневалското меѓународно рекреирање. Убаво подготвена “журка” во метеж.

Loading