“ИНДИЈАНЦИ ОД ТУТУНЛЕНД” НА ЧЕЛО НА КАРНЕВАЛОТ

Decata beglaci na majstorot na maski - Branko Najdoski

Третпат учениците од село Мажучиште, овојпат засилени со соучениците од ОУ “Климент Охридски” триумфираа на Меѓународниот карневал “Прочка 2011”. Маската составена од 60 учесници “Индијанци од Тутунленд” ја освоија првата награда во конкуренција за групни маски. Успешни беа и маскатата “Лице на правдата”. Локалната самоуправа не го стегаше ќесето. Додели бројни парични награди по категории. Над 1500 маскирани, меѓу кои 17 групи од странство, продефилираа, докажувајќи дека Прилеп е добар организатор и е подготвен догодина да биде домаќин на меѓународна конвенција на карневалски градови. Лентата ја пресекоа “мечкарите” кои ќе станат духовното “благо” на градот. Прочка е културен бренд не само на Прилеп, туку и на Македонија – вели градоначалникот Марјан Ристески. Ќе се заштитува како духовно наследство изворната маска “Прилепски мечкари”, стара повеќе од 300 години. Во соработка со Министерството за култура, Локалната самоуправа поднесе иницијатива до Институтот за фолклор. Веројатно ќе биде прво и засега единствено духовно наследство заштитено во Македонија. На Прочка се преправале касапите. Денот им е еснафски празник. Маската е со фолклорни и етнолошки единствени елементи – вели Снежана Ристеска, советник за култура во Прилеп. Во градот на тутунот, од низи се облекоа и заиграа “Индијанците од Тутунленд”. Тутунот може да биде и материјал за маска. Индијанците играат околу тотемот да тргнат во борба – објаснува Цветан Волчески, наставник и координатор на учениците од Мажучиште од ОУ “Климент Охридски”. Не останавме и без политичките случувања: “Македонија вечна – Името не го менуваме”, “Бранко ајде на избори”, “Бранко стани прилепчанец за да победиш на избори”, Велија Рамкоски, случајот “Пајажина”. Маската се вика “Лице на правдата” имаме четири афери Пајажина, тенковски делови, Надеж, Глобал, 4 ликови, УЈП, даночна инспекција и полиција – вели Антони Талески, учесник во маската. Забележително беше учеството на групните маски од странство како Хавајките од Лесковац, групата “Весели Перо” и “Бејби Блу” од Шабац, “Викторија Сикрет” и “Трубадурите” од Будва, групната маска “Карневал Марс” од Корча, Албанија, “Мариовска носија” од Бања Ковиљача, Сурварска група од Перник и др.

Loading