ТЕМЕЛНИК ЗА КАРПАЛАК

В сабота

За патрониот празник на градот, в сабота ќе биде ставен камен темелник на спомен обележјето Карпалак кај кружниот тек во 11 часот. Едновремено ќе се даде во официјална употреба и новиот кружен тек. Половина час подоцна ќе биде пуштен во употреба новиот локален пат Тополчани – Канатларци, а во 12,30 ч., на жителите ќе им се даде на користење патот од селото Костинци кон Слепче во општина Долнени. На свеченостите ќе присуствува Миле Јанакиески, министерот за транспорт и врски.

Loading