ГРАДСКИ ЧАТИП ЗА НАШАТА БЛАГА

Фолк пејачката Блага Петреска е добитник на општинската награда за животно дело – Трети Ноември. Вака одлучи Комисијата за одбележување на значајни настани, датуми, личности и празници. Признанието на Петреска, која и беше доделена на трети ноември на свечената седница во ЦК “Марко Цепенков”. Со плакети Трети Ноември се закитија Универзитетот “Свети Климент Охридски”, Градската библиотека “Борка Талески”, фабриката “Жито Прилеп”, танцовото студио Зодијак, Министерството за здравство, фирмата “Перкан проект”, Амбасадата на Кина во Македонија, пицеријата “Леоне”, специјалната детска олимпијада, музичката група Крос роуд блуз бенд, ОУ “Блаже Конески”, НВО “Козви” и ФК 11 Октомври. Општински признанија дипломи – Трети ноември за посебен придонес за популаризација на градот добија 12 истакнати сограѓани. Новинарот Лилјана Мургоска – Секулиќ за придонесот во новинарството, уметниците Кирил Гегоски и Жарко Башески за придонесот во уметноста, рентгенологот Милан Сапунџиоски, златарот Кирил Трпчески, крводарителот Боше Кочоски, карикатуристот Живко Козар, професорот Славчо Ковилоски, уметникот Ристо Тошески. Дипломи примија и зачленовите на македонската карате репрезентација Мишела и Маријана Димоски, Сара Симоноска и Анастасија Матеска, протојерејот Златко Ангелески, а постхумно му беше доделена диплома и на фотографот Мате Десоски, која ја прими неговиот син Сашо.

 

Loading