ФАРСА Е НАГРАДАТА ЗА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО

Реакција на Сугарески

Пратеникот на СДСМ Горан Сугарески им го честита 3-ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп, на сите граѓани и í ја честита наградата за животно дело на прилепчанката Блага Петреска, која целиот изминат период на македонската естрада достојно го претставуваше Прилеп. Тој не може да се согласи да биде дел од фарсата на ВМРО – ДПМНЕ при доделувањето 3-то Ноемвриска награда на Министерството за здравство. Починаа четири родилки во една година во прилепската болница. Кога сите очекуваа министерот за здравство да поднесе оставка, Локалните власти му доделуваат 3-то Ноемвриска награда. Која е заслугата на Министерството за здравство и каков е придонесот за развојот на здравството во Прилеп да му се доделува ваква значајна награда – прашува тој. Смета дека манифестацијата ја губи вистинската вредност и преминува во уште една партиска забава, организирана од ВМРО- ДПМНЕ.

Loading