ПРОСТУМ ЗА 11 ОКТОМВРИ

Со цвеќе и почит на загинатите борци во НОБ на Паркот на Револуцијата и на споменикот на Методија Андонов – Ченто и со повеќе други манифестации и со величенствен огномет беше одбележан 11 -Откомври, Денот на вооруженото востание на македонскиот народ. Присуствуваа и министрите за образование и наука Никола Тодоров, за транспорт и врски Миле Јанакиевски и за информатичко општество Иво Ивановски. На 69 годишнината од востанието се потсети дека ако некогаш нашите претци се бореле за слободна Македонија, денеска борбата на сегашните генерации е за европска Македонија. Гордост е да се биде прилепчанец, Македонец. Ако идеалот на нашите претци бил слободна Македонија, сега предизвик е европски Прилеп и Македонија – рече градоначалникот Марјан Ристески. За празникот, во присуство на нивните семејства беше свечено отворена Патеката на славните пред ЦК “Марко Цепенков”, на која се наоѓаат имињата на Марко Цепенков, Блаже Конески, Круме Кепески, Стале Попов, Борка Лазески, Ѓорѓи Ачески – Аче, Атанас Бадев, Пеце Атанасоски, Сами Зекироски – Буцо, Нада Гешоска, Илија Џувалекоски, Илија Милчин и Дарко Дамески. Нов лик доби и паркот во населбата “Димо Наредникот”. Уреден е со фонтани , водоскоци, хортикултурно е украсен со туи и поставени се клупи за одмор. За децата има спортско игралиште. Беа пуштени во употреба и неколку асфалтирани улици и се одржаа спортски натпревари, музички хепениг, на кој настапија прилепски бендови и Слаткар. Сенка на празникот фрли затворениот Меморијален музеј 11 октомври во некогашната полициска бугарска станица, кој била цел на една од востаничките групи на 11октомври 1941 година.

Loading