ТРГНУВАМЕ ВО КОНЕЧНА ПОБЕДА

Митинг на СДСМ

“Груевски се срами од вистинската историја на македонскиот народ и затоа измислува нова. Тој не го брани, туку со политички инжинеринг го менува нашиот национален идентитет. Тој е лажен патриот и манипулатор – рече меѓу другото Бранко Црвенковски, лидер на СДСМ на митингот во Прилеп. Опозицијата во Прилеп дошле не да го партизират празникот или да го делат народот, туку да го испочитува. Според лидерот на СДСМ, Македонија била киднапирана држава. Груевски со една група околу него ја држи во заложништво цела земја. Историјата ја фалсификуваат, сегашноста ја уништуваат, иднината ја закопуваат. Македонија е држава со највисока стапка на сиромаштија во Европа, со најниско ниво на странски инвестиции, држава на неплатени сметки, на блокирани фирми во стопанството. Македонија е држава која живее на рабуш и не постои систем на јавно здравство. Македонија има Влада на милионери… Пет години не закопаа во место. Ниту имаат план, ниту пак идеја. Подготвени сме за битка со сите пречки на патот. СДСМ ја отпочнуваа битката од востанички Прилеп и нема запирање до конечната победа – посочи Црвенковски. Тој објави дека нема намера да се повлече од политиката како што се пишувало во медиумите.

Loading