СДСМОВЦИ ОД МАКЕДОНИЈА, А НЕ ОД ПРИЛЕП

Гоце Ингилизов, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ:

“Вашето неискуство во политиката, ве прави да бидете смешни во очите на прилепчани. Добро е што кажувате дека овој собир е најголем во последната деценија, но заборавивте дека е најголемиот организиран од вашата партија”. Ова им го порача ОК на ВМРО – ДПМНЕ за ехо на минтингот од СДСМ. Понатаму во реакцијата, Ингилизов од ВМРО ДПМНЕ, вели дека собирот им бил најголем, затоа што првпат собираат повеќе од 4000 поддржувачи. Сте заборавиле да им кажете на оние од други градови да не носат знамиња со имињата на ограноците. Први беа од Пехчево, Кочани, Демир Хисар и уште кој ли нé. Имаше луѓе од цела Македонија, само не од Прилеп – вели Ингилизов. Тој   им се препорачува на граѓаните дека ако некој бил изложен на притисок од некој раководител да излезе на т.н. револуција на СДСМ, слободно да пријави до надлежните. Црвенковски со неговите градски пулени, треба еднаш за секогаш да сфати дека овој народ не заборава и дека треба да престане да манипулира со празни зборови и празни ветувања. Доволно имаше време и како премиер и како Претседател да стори нешто за неа, освен што остави пустош, уништена економија, запустено земјоделство, здравство и образование, илјадници невработени. СДСМ нека прави револуции додека го спроведуваме ветеното на изборите. Има време за ТВ дуели, за митинзи, за компарација. Ќе видиме кој колку сработил. Граѓаните ќе оценат кој исполнува, а кој ветува празни муабети – вели Гоце Ингилизов, претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ.

Loading