ПРИЛЕПСКО – УНИВЕРЗИТЕТСКА КООПЕРАЦИЈА

Договор за соработка, со акцент на профилирање на сфера на заедничко дејствување на општинската администрација и Универзитетот Свети Климент Охридски од Битола, потпишаа градоначалникот Марјан Ристески и ректорот на Универзитетот д-р Златко Жоглев. Ристески истакна дека заедничката соработка ќе се насочи кон изработка на заеднички проекти, со кои би се аплицирало пред европските фондови. Со договорот се утврдуваат повеќе форми во меѓусебната соработка, се дефинираат заеднички интереси и начини за реализација.

Loading