ЗАПРЕНИ МАШИНИ ЗА ПЛАНИРАНА СЕДУМКАТНИЦА

Недоразбирања за новата градба кај мостот “Димо Наредникот”

 

Граѓаните рагираат на затворањето на улицата, а инвеститорите вели дека гради законито 

 

Десетина граѓани ги запреа машините на фирмата Карпа при градбата на нова седумкатница на улицата “Андон Слабејко”, бидејќи, според нив, им се затворала улицата. Се закануваат дека нема да дозволат да се стават темели, додека не се измени урбанистичкото решение. Веќе ангажирале и адвокат. Инвеститорите од фирмата Карпа велат дека градат станбен објект со комплетна документација. Локалните власти потврдуваат дека дале виза за градба, според деталаниот план. Љупчо Пеоски се жали дека улицата пред куќа му се затворила преку ноќ. Околу сто семејства реагираат, оти објектот им затвора потребна собраќајница. Бараме да се врати улицата, оти не може до околината да стигне ниту противпожано возило. Треба да вртиме стотици мести да дојдеме до дома. Трпиме и штети, оти се затвора приодот кон дуќаните со платни комуналии. Нема да дозволиме понатамошна градба. Во локалната самоуправа само ни велат да поднесуваме некои барања – вели Пејоски. Ристо Џамбазов вели дека улицата се зела без информација. Не нормално да се гради станбен објект на улица, без пистап на товарни возила.

Со новото решение, треба да минеме дестина кривини низ улични лавиринти да излеземе на главните сообраќајници. Предвидуваат некоја улица. Од права, прават крива улица – објаснува Џамбазоски. Благоја Николоски реагира дека новиот објектот ќе му ја фрлел куќата во сенка. Наместо да одама 50 метри до главната, треба да вртам по сокачиња стотици метри. Објектот ќе ја засени мојата куќа. С сонце, наместо цел ден, како досега, ќе имама само на зајдисонце – вели Николоски. Иневститорите објаснуваат граќаните непотребно создаваат проблеми, оти градат легално. Документацијата е чиста и извадена по законот. Покрај објектот ќе има пешачка патека, а улицата ќе се промести покрај реката. Ќе завршиме за една година, а новата улица ќе ја гради локалната самоуправа – вели Панде Ќоропаноски. Бранко Нешкоски од Јп за просторно и урбаинистичко планирање објаснува дека урбаната заедница била запознаена, а локланите власти дале на Карпа дозвола да гради и одобрение за времен сообраќаен режим. Улицата ќе прерасне во кејска. На граѓаните им стоиме на располагање за одговори на сите прашања. Планот е транспарентен документ, донесн пред повеќе години – вели Нешкоски.

Loading