МАРШ НА МИРОТ ОД УЧАСТАКОТ ДО МОГИЛА

Марш на мирот од Участакот до Могилата на непобедените ќе се одржи на 21 септември, во организација на ОО на Сојузот на борци. Целта е да се одбележи светскиот ден на мирот, но и да им се оддаде почит на оние кои ги дале своите животи за слободата и мирот. Ќе учествуваат граѓани, претставници на владини и невладини организации, политички партии, поборници за мир. Меѓународниот ден на мирот започна да се празнува во 2001 година кога Генералното собрание на ОН донесе Резолуцијата за одбележување на Денот на мирот.

Loading