Граѓаните на Прилеп, Долнени и Кичево знаат што е корупција, ама околу 62 отсто не знаат дека постои Комисија за спречување на корупцијата. Тоа е дел од заклучоците на истражувањето на Центарот за граѓанска иницијатива на 150 граѓани во анкетата “Некорумпирани општини се општини на добро владеење”. Важно е фокусирање кон институциите кои создаваат поволности за корупција. Ако не се сменат, се создаваат стимулации и функционерите го наследуваат корумпираниот товар. Околу 80 отсто веруваат дека рушветот може да се намали. 62 отсто не знаат дека постои Комисија за спречување на корупцијата. Точно 60 проценти мислат дека државата нема ефикасно законодавство, а за намалување важни се судовите (околу 50 проценти) – рече Марјана Ѓ. Китаноска, заменик директор од ЦГИ. Различни се мотивите за мито. Малата плата е мотив за коруптивно однесување. Граѓаните бараат повисоки казни за коруптивните дела – кажа Илија Адамчески. Креатори на корупцијата се граѓаните, кои поради неефикасноста на администрацијата, прават коруптивни дејствија да остварат некоја своја потреба. ЦГИ препорачува итна реформа на администрација со значително намалување и раст на ефикасноста и професионалноста.