НА НИЗА СКАПАТА БЕРБА

Се ретчат во септември зелените широки листови тутун, наредени како бисер на високите стебла. Се собираат последните раце тутун. Четвртата рака се “жнее”. Останува врвот. По нивите – аргати. Тутунарите оптимисти. Годинашнава реколта ќе мине добро. Битолски стручнаци го побараа целиот род од прилепските села. Беа задоволни од сушењето. Ветија дека ќе платат добро. Убаво се суши зелениот лист. Се надеваме дека ќе излезе трудот и трошокот по аргати. Плаќаме по 500 денари дневно, а ангажираме неколку месеци по петмина аргати. Садиме многу и очекуваме околу 25 000 евра – кажуваат еден тутунар од селото Беровци. Во градот сушарите ги прават на периферијата. Поретко на тротоарите, зашто може да следи казна од инспекциите.

Loading