15 СЕПТЕМВРИ 2010 – 15 СЕПТЕМВРИ 2002

ВМРО – ДПМНЕ

 

“Центропромет, Црн бор, Билјана, Политекс, Ридтекс, Димче Бањарот, Стерна, Солидност, Пелагонија турист, Партизанка и многу други се фирмите кои пропаднаа во времето на Бранко Црвенковски. Неизвесна е и судбината на загубарите, Тутунскиот комбинат и Еурокомпозит, каде е налеано масло на лошо менаџирање од истото време. Им се извинуваме на оние на кои им побудивме лоши спомени, оти сакаат да ги избришат”. Ова го изјави членот на локалното раководство на ВМРО – ДПМНЕ, Златко Димоски, во дворот на пропаднатата фирма Партизан на 15 септември, симболично означувајќи го датумот кога СДСМ пред осум години на изборите на 15 септември ја доби довербата со ветувања за рестартирање на сите пропаднати претпријатија.

Loading