ФАКЕЛ ЗА ЕВРОПА

Богата прослава за 11 Октомври

– И Иванов чествуваше за хероите

– Масовно проследен традиционалниот огномет

Претседателот на Македонија и врховен командант на АРМ, Ѓорге Иванов,    за 11 Октомври, празникот на востанието на македонскиот народ, ја разгледа изложбата на воена опрема и оружје и присуствуваше на демонстацијата на воени вештини на специјалните единици. Тој положи цвеќе на споменикот на првиот претседател на Македонија, Методија Андонов –  Ченто.

Градоначалникот Марјан Ристески, како домаќин од градот на првата пушка, изјави дека граѓаните на градот првоборец не отстапуваат од негувањето на славните традиции на борците од 1941 година и по 72 години од слободарското востание.

– На браникот на татковината, градот на непокорот даде 600 жртви и се прогласени десет народни херои. Затоа градот на простумот му беше даден епитет град херој. Борбата на овие генерации е насочена на одржување на борбените придобивки и вградување во европски Прилеп и европска Македонија – рече Ристески.

Во богатата прослава, атмосферата ја збогатија и тркачи во природа, кои трчаа низ карпите до Марковите Кули и назад, а стотина мераклии на автомобили од земјава го имаа своето традиционално шоу на автомобили.

Годинешниот огномет и импровизиран напад на градот се проследи масовно од илјадници прилепчани и гости.

Loading