ПАТИШТА И КАНАЛИЗАЦИОНИ МРЕЖИ

ПРЕКУ ФОРУМ НА ЗАЕДНИЦИТЕ ЌЕ СЕ РЕШАВААТ ПРОБЛЕМИТЕ ВО КРИВОГАШТАНИ

На втората форумска сесија во програмата “Форуми на заедниците” во Кривогаштани претставник на општината им ги презентира на стотина граѓани тековните и планирани активности за инфраструктурата.

– Претставник од работната група ги презентираше проблемите, а потоа граѓаните ги анализираа проблемите. Сесијата предизвика интерес – вели Моника Ѓоргоска.

Работните групи посочиле за решавање по три приоритетни проблеми.

– За најважни беа одбрани проектите од патната инфраструктура, канализациските мрежи, реновирање на културните домови, отворање на мултимедијален центар и дивите депонии – објаснува Ѓоргоска.

Loading