ХУМАНИТАРЕН КОНЦЕРТ ЗА ЦРКВАТА СВ. НИКОЛА

Околу 1000 посетители беа дел од хуманитарниот концерт на  Јордан Митев, Анета Наковска, Марјан Стојановски, Јане Дунимаглоски, Благица Павловска, Пелагониски мерак, зачинет со досетките на Ранко Рангелов во дворот од ОУ,, Манчу Матак,, во Кривогаштани. Концертот го организара одборот на црквата Св. Никола, под покровителство на општина Кривогаштани и градоначалникот Тони Заткоски.

 

 

 

– Се собраа околу 200 илјади денари кои ќе бидат вложени во комплетното реконструирање на црквата Св. Никола од 19 век. Таа е една од најстарите. И градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески се вклучи со лична значителна донација. Донираа и Општина Прилеп, ЛС на Кривогаштани, како и одборот од црквата Св. Никола од Обршани. На  сите донатори им врачивме благодарници, а на градоначалникот Ристески, во знак на благодарност за неговата хуманост, му подаривме   рачно изработен крст – вели  градоначалникот Заткоски.

Loading