ЗАБАВА ЗА ОСНОВЦИТЕ

Училишните смотри, беа и поминаа. Модерно, во сала, со техника и озвучување, учениците од основните училишта се покажаа во најдобро светло.

Ама не било така во времето на дедовците и бабите на сегашниве  основци. На сликата се гледаат учениците од ОУ “Кире Гаврилоски – Јане” од учебната 1959/60 година. Наставниците дале сé од себе да ги подготват децата за карневал. Судејќи по временската разлика, тоа им пошло од рака. Се гледа дека таборот е поделен на индијанци и каубојци и по некој африканец. Поинвентивните носат дури и “автентичен” Зулу штит, стрела и копје. Малку се “бледоликите”, зашто тешко било да се најде каубојски шешир, наместо пердув за на глава.

Како и да е, одлична идеја и реализација, вредна за потсетување.  

Loading