ЗАСИЛУВАЊА ЌЕ ИМА

ЖИТО ПРИЛЕП

Почна одморот за ракометарките на Жито Прилеп кој на крајот на сезоната го освои третото место во Лигата за петто претставување во Европа, плус пласман во полуфиналето од Купот.

На потег е управата со Оливер Деркоски и тренерот Борче Марковски. По анализата, претстои одлука за играчкиот кадар. Сигурно ќе има промени, но прашање е колку и на кои места. Најслабите позиции ќе се пополнат со талентирани од земјава или странство, а на непотребните ќе им се овозможи да бараат нова средина за докажување.

Одморот за професионалките е до 20-25 јули.

Loading