КАРИКАТУРИ

ИСТОРИЈА

Победа била инспирација за песни, транспаренти и карикатури. Пред 40-50 години на секој меч публиката истакнувала карикатури на Истатов, Магдески, Глигороски… Во весниците и книгите објавувале Јово Ношпал и Живко Козар. Го отсликуваат времето и важната улога на клубот. На тема “Лажирање” голманот се фрла лево по кесата со пари, а топката десно влегува в гол. Дека и тие години не биле за “машала” со безбедноста, потврда е карикатурата со излог на спортска продавница, каде се изложени метални оклопи означени како “дресови за фудбалски судии”. За односот на Скопје кон внатрешноста зборува новинарот на ТВ, кога насмеан до уши јавува за казната на Победа, а плаче со шамивче за казната на Работнички.

Карикатура што не се заборава е екскурзијата, каде учителката учениците ги запознава со знаменитостите: “Ова е Маркукуле, ова е Саатот, а овие со полни џебови се играчите на Победа!”.

Loading