ФИНАЛЕТО В НЕДЕЛА

ЈУНИОР ЛИГА

В недела (9 часот) на комплексот Могила се финалните натпревари од фудбалската Јуниор лига за преспанско – пелагонискиот регион. Учествуваат осум тима од генерациите 2000/2001 и 2001/2002. Прваците добиваат право за учество на финалниот турнир на државно ниво, на 8 и 9 јуни во Скопје. Околу шест часа ќе има мајстории од 135 фудбалерчиња, иднината на македонскиот фудбал. Се очекува поддршка од трибините.

Покровител на настанот е градоначалникот Марјан Ристески.

Loading