ПОСЛЕДНО КОЛО

ТРЕТА ЛИГА

Викендов носи возбудувања во Третата лига – Југ, во борбата за опстанок. Стремежот да се избегне 15-то место кое води во општинска или 14-то со кое се отпаѓа, доколку првакот Борец не се пласира во втора лига. “Се тресат” Кадино со 36, Росоман, Тополчани, Сирково по 35, Младост со 33 и Братство со 32 бода. Кадино оди кај осмиот Превалец, Росоман во Големо Коњари, Тополчани на отпишаниот Вардарски, Сирково кај деветтиот Млекар, Младост дома со четвртиот Илинден, Братство кај седмиот Партизан. Претходно: Кадино – Младост 3-4, Братство – Сирково 1-2, Млекар – Бабуна 2-2, Росоман – Партизан 2-0, Вардар – Г. Коњари 4-2 и Тополчани – Превалец 2-0.

Првакот Борец има 75 бода.

Loading