“ВЛАДО КОМПАНИ” ПОКОСИ СÉ ВО ЛАЖАНИ

МАЛ ФУДБАЛ

Боцо Маркоски – Чорапо, Мартин Никовиќ – Маусо, Кико Сивчо, Кире Рипило, Дејан Пената, Александар Чешело, Валентин Тинчо и Боби Глугуроски се составот на екипата во мал фудбал, која го освои трофејот меѓу 28 тима на турнирот во селото Лажани, организиран за манифестацијата “Златен глас на Лажани” со 25 годишна традиција.

Младите фудбалери ги декласираа сите противници и сосема заслужено се качија на тронот да го вивнат знамето на победата и да слават за титулата. Екипата на “Владо Компани” имаше жестоки и неизвесни дуели, но со мајсториите на надарените фудбалери, успеа да ги совлада силните ривали, дури и оние кои важеа за фаворити на турнирот. Но, не е изненадување првото место, зашто “децата” во дресовите на фирмата, не само што демонстрираа атрактивен фудбал, туку се стремеа да ја оправдаат довербата на спонзорот и да ја поткренат веќе стекнатата репутација.  

Loading