ВАРОШ СЛАВЕШЕ НА ВОЗ

ФИНАЛЕ ОФС ПРИЛЕП

Според ветеното, ФК Варош Електроелемент секоја година оди ранг погоре. Лани од Б општинска во А, сега од А во трета. На новиот стадион “Могила”, пред 500 гледачи, во финалето од плеј – офот за пехар на ОФС Прилеп, Варош со 6-0 го совлада Пролетер.

Новиот ранг се прослави со прошетка по градските улици со туристичкото вовче.

Стрелци беа Шукуроски, Тодески од пенал, Базеркоски, двапати капитенот Јошевски и Мургоски, за задоволство на тренерот Кирил Грижоски. За успехот придонесоа: Бошкоски, Грујоски, Мартиноски, Здравески, Тодески, Шукуроски, Јошевски, Трајчески (63. Велјаноски), Глигороски (75. Трајкоски), Мургоски (75. Ристески) и Базеркоски.

Претходно, во полуфиналето, Варош – Слога 4-3 на пенали (1-1) и Пролетер – Обршани 4-2.

Loading