НАШ, А ЕВРОПСКИ ПРИЛЕП

Марјан Ристески, третпат кандидат за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ и коалицијата

Тимот што победува не се менува

Во преполната сала на “Арената Сонце”, актуелниот градоначалник Марјан Ристески беше промовиран по трет пат за  градоначалник од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата.

Тој изјави дека прифатил обврска со должна почит да го води градот и следните четири години, како и во минатите осум. 

– Претстои уште една битка на која треба да ја потврдиме нашата заложба за просперитет и напредок на Прилеп, за европски Прилеп – посочи Ристески, потенцирајќи дека заедно со граѓаните, локалната самоуправа може да направи општо корисни дела и заслужни за длабоко паметење.

Според него, не е тешко да се биде градоначалник на сограѓани кои се извор на идеи, визии и конкретни проекти кои ќе овозможат подобри услови за живот.

– Заедничка цел е просперитет и напредокот на Прилеп. Можно е да се живее во таков град со добар менаџерски тим, кој знае да управува со човечките ресурси, да соработува со бизнис секторот, со НВО секторот, спортските организации и сите организирани форми на јавно живеење. Тим кој препознава и исполнува. Тим чиј приоритет се барањата на граѓаните – рече Ристески.

Прилеп, потенцира Ристески, на неговата промоција напредува со динамично темпо.

– Градот има успешни јавни претпријатија, водоснабдување без проблеми, нови 10 бунари и комунално претпријатие, кои се синоним за чистотата во градот. Општината ја презема одговорноста за градење на доверба во институциите на системот, во креирањето на квалитетна и постојана услуга кон граѓаните. Реконструирани се сите училишта и градинки, Могилата на непобедените, Участакот, оддадовме и ќе продолжиме да оддаваме достојна почит на загинатите на Карпалак и бранителите, изградивме прекрасни плоштади, парковски површини, вложивме во реконструкција на водоводна мрежа и инвестиравме во асфалтирање на 95 отсто од улиците во градот и населените места. Подобрен е квалитетот на живот, уредувањето на градот и населените места. Подготвена е урбанистичка планска документација и зајакнати се капацитетите на локалната администрација. Се гордееме за успешната соработка во реализација на проектот за реконструкција на водоводната мрежа со КФЊ банката, вреден 10 милиони евра, со што е променета 50 км водоводна мрежа и е изградена нова зграда на јавното претпријатие Водовод и канализација. Реализиравме многи инфраструктурни проекти, како изградбата на третата лента Плетвар, подобрувањето на регионалните патни правци Прилеп – Кривогаштани и Прилеп – Македонски брод. Големи зафати се преземени на канализационата мрежа, јавното осветлување подобрување на локалната патна инфраструктура, хортикултурно уредување на зелените јавни површини, одведување и селекција на отпад што во голем процент резултира со креирање на услови за навремена услуга кон граѓаните. Го издигнавме нивото на културно живеење во нашиот град – посочи Ристески.

Во наредните четири години тој ја бара поддршката, бидејќи е убеден дека заедно со граѓаните и Владата може она што за овие 10 години беше незамисливо да го направи реалност.

– Во програмата што ќе ја добие секое семејство се набележани конкретни проекти со рокови и средства за реализација. Ќе ставивме акцент на економскиот развиток, затоа што благодарение на технолошко – индустриската зона Алинци треба да станеме економски лидер во регионот. Продадените 21- на парцела во индустриската зона “Прилеп 1” и 100 хектари во зоните “Прилеп 2” и “Прилеп 3”, доволно зборуваат дека стопанствениците се убедиле во перспективата на ова подрачје. Ќе се гради пречистителната станица за отпадни води со изградба на канализациска мрежа и нова инфраструктура, проект на ЕУ, Владата и општината, вреден 20 милиони евра. Ќе изградиме две нови училишта, ќе се изградат две нови градинки, за што постои реална потреба од зголемување на сместувачките капацитети. Се динамизира инвестирањето во образованието, патната инфраструктра, културата, спортот… Затоа, да му го дозволиме на Прилеп заслуженото, да биде Прилеп европски, а наш – заврши Ристески на промоцијата за кандидат за градоначалник.

Loading