Големо Коњари е на врвот

Трета лига – Југ

Како и манатото првенство, така и во ова, кандидат за највисокиот пласман во Третата лига – Југ е екипата Големо Коњари. По стартниот пораз во Крушево, нареди три победи, последната со 2:0 врз Венец во Долни Дисан. Стрелец на двата гола е Ерџан Ибраимоски. По овој триумф, големокоњарците се на врвот. В недела (14 часот) дома играат со Обршани, тим кој е нов во лигата и за првиот есенски бод може да се надева во идните рунди. Од претходното коло за издвојување е победата од 5:0 на Младост врз Влазними јуниор, поразот на Обршани со 0:2 од Питу Гули и ремито на Ултрас 5:5 со Башкими. В недела уште играат: Влазними ј. – Бучин, Дреново – Младост, Питу Гули – Росоман и Слога – Венец.

Табела: Големо Коњари 9, Башкими 8, Превалец, Венец, Питу Гули и Ултрас 7, Дреново 5, Младост, Росоман и Слога 4, Влазними јуниор 3, Бучин 1, Обршани 0.

Loading