Учесници и од Шкотска

Џудо: Меѓународен турнир “Прилеп, град херој”

По повод 11 Октомври в сабота (10 ч.) е 14-тиот меѓународен џудо-турнир “Прилеп, град херој”, организиран од ЏК Сеишин, со поддршка на Џудо-федерацијата на Македонија. Во салата на СОУ “… Ричко” се борбите за вредните медали во три возрасни категории: деца до 11 години, пионери до 13 и пионери до 15 години, во машка и женска конкуренција. Пријавени се учесници од девет држави: Бугарија, Грција, Грузија, Србија, Црна Гора, Турција, Косово, Кипар, Косово, Шкотска и Македонија. Првпат доаѓаат џудисти од Грузија, Кипар и Шкотска.

Домаќинот ја задржува традицијата за покана и присуство на гости и великани во џудото, кои постигнале големи меѓународни резултати. Овојпат ќе има тројца од Србија, а нивните имиња ќе бидат објавени пред почеток на турнирот.

Loading