Неочекувано слабо

Фудбал: Победа

Само што се одигра одлично во Струмица, низ освоениот бод со Беласица (1:1), и се роди надежта за успешна есенска серија во Втората лига на Македонија, Победа разочара, одигра слабо на наредните мечеви. Прво беше поразот дома од Арсими со 1:2 (единствениот гол го даде Никола Талески), потоа пак дома, од Охрид со 0:1. Вториов неуспех уште повеќе боли, зашто е доживеан од екипа која до пред три дена беше на дното од табелата, со еден бод. Тука не завршија неуспесите. Во средата беше мечот за 16-финалето од Купот, во Скопје, Гостивар – Победа (3:1). Тежок меч е и наредниот, од 7. рунда на Втората лига, Башкими – Победа, в недела.

Табела: Брегалница 14, Македонија ЃП и Башкими 13, Кожуф и Арсими 12, Детонит 11, Новаци 10, Саса 8, Скопје и Охрид 7, Беласица и Осогово 5, Победа и Вардар Н. 4, Борец 3, Вардарски 2.

Loading