АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Иднината не може да се сопре со враќање во историјата.

*

Политичарот мисли како малкумина, а зборува како што сакаат многумина.

*

Не поаѓај на пат со параспур.

*

Лагите се камуфлирани да се рамо до рамо до вистината.

*

Лошо разбраните идеали ги зголемуваат народните несреќи.

*

Легендите се создаваат и заминуваат, а вистинските остануваат засекогаш.

*

Тие што имаат грб обично напаѓаат од грб.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading