Сончоглед за кожа, коски…

Семките од сончоглед се богатство од витамини, минерали и други хранливи материи. Често се грицкаат додека се гледа филм, спортски натпревар или на клупата во паркот… Немаат крај. Заразни се, особено кога се добро испечени, солени и сочни. Сончогледот е најполезен несолен и непечен.

ШТИТИ И ЈА НЕГУВА КОЖАТА – Содржината на витаминот Е ја штити кожата од оштетувања настанати при метаболитички процеси и оштетувања од сончевите зраци. Спречува појава на брчки. Чувствителните на сонце би требало често да јадат сончогледови семки. Витаминот Е е ефикасен за намалување на симптомите од артритис. Содржат и бета каротен.

ОДЛИЧНИ ЗА РЕЛАКСАЦИЈА – Магнезиумот во сончогледот ослободува од напнатост. Ги ублажува болките од мигрена. Семките имаат ефект врз расположението. Ги намалуваат шансите од депресија. Помагаат за смирување на мозокот и опуштаат.

ЗДРАВИ СЕ ЗА КОСКИТЕ – Магнезиумот, покрај калциумот, е нужен минерал за цврсти коски. Семките содржат и бакар, важен за ензимите кои даваат сила и флексибилност на коските и зглобовите.

ВЛИЈАЕ ВРЗ ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО – Изобилството на витаминот Е е превенција од болести на срцето. Тој е силен антиоксиданс, го намалува холестеролот кој предизвикува атеросклероза, што доведува до затнување на артериите, срцев удар или мозочен удар. Сончогледовите семки обезбедуваат преку 90 отсто од дневните потреби од витамин Е.

ЈА ПОДОБРУВА ДИГЕСТИЈАТА – Богатството од диетални влакна, го забрзуваат варењето на храната и помагаат при лекување на опстипација.

Loading