Прослава на пензионерскиот празник

Женскиот дел на Здружението на пензионерите го одбележаа Денот на сите пензионери, 20 Септември. Повеќе од 150 членки се собраа во централниот клуб и со закуска, музика и играње го одбележаа празникот на луѓето од третото доба. Развијаа широко оро на кое немаше пензионерка која  можеше да одолее на прославата.

Тие беа поздравени од претседателот на активот на жените, Снежана Дамеска, која им посака здравје и уште многу години празнување.

Loading