Ј А В Е Н   П О В И К за доделување стипендии на студенти од Општина Прилеп

Општина Прилеп и оваа година ќе додели 20 стипендии за студентите на Економски факултет Прилеп од Општината Прилеп.

Се покажува опшествена одговорност за младите за академско усовршување во Општината каде што живеат. Се обезбедува заштита  и поддршка на социјално ранливи категории на студенти. Стипендиите се и придонес на студентите за афирмација на Оптината.

Стипендиите ќе се доделуваат на студенти  кои ќе се запишат на Економски факултет Прилеп во тековната академска година во првиот и вториот уписен рок, како редовни студенти и ќе се однесуваат на партиципацијата за студирање за првата академска година.

Ќе се доделата 20 стипендии.

По 10 стипендии за двете категории студенти и тоа:

– стипендии за најдобри студенти и

– стипендии за социјално ранливи категории на студенти.

Право на стипендирање имаат студентите кои што ги исполнуваат условите:

Да се жители на Општина Прилеп;

Да се државјани на Република Македонија;

Да се запишале како редовни студенти на прв циклус студии на Економски факултет Прилеп во првиот уписен рок.

Стипендиите ќе се доделат врз основа на претходно распишан Јавен повик.

Јавниот повик е распишан од Општина Прилеп, понеделник (16.09.2024 година) и е објавен на огласната табла на Општина Прилеп, на веб-страната на Општина Прилеп и на локалните електронски медиуми во Општина Прилеп.

Јавниот повик ќе трае 5 (пет) денови, не сметајќи го денот на неговото објавување.

Сите услови, критериумите како и постапката за доделување на стипендии за најдобри студенти и за социјално ранливи категории на студенти од Општина Прилеп е утврдена со Правилник.

Loading