ПРИЛЕПСКИ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ 2024

Во организација на здружението за субкултура ПП ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ, од синоќа на летната сцена од ЦК “Марко Цепенков” почна 13-ото издание на фестивалот Prilep Jazz Weekend. Овојпат се нудат повеќе концерти перформанси за незаборавно доживување.

– Фестивалот сношти го отвори квартетот на тромбонистот Филип Стевановски. После нив настапи фракцијата од четворица млади музички аскети  COBALT CODE UNIT која неуморно талка низ обемните широчини на јужно балканските традиции на импровизирана и ритуална музика, контемплирајки ги хоризонтите на современиот џез, креативната слободна импровизација, психоделичните импресии на африканските ритмички јазици и бучавата на индустрискиот метеж, пресликани преку призмата на авангардниот израз.

Вечерва ќе настапи триото на Ѓоле Грујовски и промоција на новиот албум Deep Blue. Потоа е квартетот на Никола Бочваров со гостинот Ристо Вртев (Архангел).

Утревечер се гостите од Србија и Словенија/Украина, предводени со формирани од словенечкиот саксафонист и композитор Јуре Пукл и Јуре Пукл Органик трио со група од тројца артисти чија музика е оригинална и содржи елементи на џез, модерна класична музика и мешавина од популарни музички жанрови.

Фестивалот ќе го затворат гостите од Србија, ЦРНО ДЕТЕ со уникатен проект со звук, комбинација од рок, џез, панк и фолк.

Во оф програмата се предвидени неколку концерти во клубовите низ градот.

Прилеп џез викенд веќе 10 години е домаќин на најдобрите имиња од македонската, балканската и на дел од европската џез сцена. Позициониран е на картата на значајни музички манифестации не само во земјава, туку стана значаен во регионов. Фестивалот е поддржан од Министерството за култура, Општина Прилеп и неколку општествено одговорни компании.

Loading