„Од сé по нешто“

Нова творба од  Марија Ѓорѓиоска

“Од сé по нешто” е новата поетска стихозбирка со песни за животот, внуците, традицијата од Марија Ѓорѓиоска. Објавена е и хумореската “Вдовиците од Мртовечко сокаче на Прочка”.

Ѓорѓиоска пишува стихови за чувствата, за желбите, за хармонијата, уметноста, за волшебноста на природата, додека во делот посветен на традицијата ги излева своите мисли за празниците, Тајане бојане, за Прочка, Бадник и Коледе. Авторот посветил стихови за внуците.

Стихозбирката е наградена со признанието “Душата на чаршијата” на едицијата Дата Песнопој за 2024 година.

Марија Ѓорѓиоска е член на Клубот на литературни творци.  Со години твори. Издадала 13 книги, шест романи и пет стихозбирки. Таа е и сликар со над 500 слики, објавени на повеќе од 15 самостојни изложби.

Loading