“Туширање” на цревата

Многу болести доаѓаат од цревата, а храната може да биде и лек, но и болест ако неправилно се конзумира. Важно е редовното, секојдневно празнење на цревата, бидејќи со одложување екскрементот се скаменува, а цревото станува попосно. За сите кои не ги испразниле цревата неколку дена, решение се две состојки. Тоа се рицинусово масло помешано со сок од портокал.

Откриваме рецепт за исклучително здрав напиток кој треба да се конзумира подолг период да го олесни празнењето и да се врати природната перисталтика (движењето кое овозможува празнење) на цревото.

Просечен човек до 70 години јаде дури 100 тони различна храна и пие околу 40.000 литри течност. Најмалку петтина од храната телото не ја вари или не ја користи како енергија, туку е акумулиран отпад. Во цревата е можно да се соберат неколку килограми отпад, кој треба да се исфрли да не се поттикне развој на некоја болест.

Да се подготви туш за цревата потребно е во чаша вода да се исцеди сок од еден лимон и да се додадат две лажици чиа семе. Пијалокот стои неколку минути да набабри семето, а потоа да се пие одеднаш. Особено е погоден при промена на храната при патување. Така се спречува можен запек. Пијалокот е полн со влакна, кои не се варат, а се важни за дигестијата. Чиа семето содржи растворливи влакна, кои привлекуваат вода и се претвораат во гел за цревата. Помагаат столицата да мине полесно. Со консумирање на две лажици чиа семе се добиваат дури 10 грама влакна.

Loading