Здраво е умереното консумирање на сланина

Пред сезоната на џимиринки и сланината, прашање е дали е добро да се јаде сланина и сувомеснатите производи.

Мами мирисот на пржена сланина. Сланината, пршутата и панцетата е свинско месо од стомакот и ребрата. Чадена, саламурена, сушена, солена и со бројни зачини. Облагородената сланина е ценета во традиционалната кујна. Сланината е високо енергетска месна преработка. Се препорачува домашната без нитрити. 30 грама претставува препорачана количина, а чистата мрсна сланина има енергетска вредност од 224 калории. Помалку мрсно парче содржи поголем процент на протеини. Се препорачува како гастрономски деликатес во умерена количина до двапати седмично. Тајната на сланината е во умереноста. Така овој продукт е намирница избалансирана за здравото мени.

Домашните специјалите, сланина, колбаси… без хемикалии, се здрави производи. Не е проблем во месото, туку во додатоците за трајност, подобар вкус…. Нема нездрава пршута или панцета. Штетна е само во прекумерната количина. Сланината повремено се користи на различни начини – како специјалитет, како додаток во исхраната и како зачин.

Сланината нема јаглени хидрати. Докажано е дека не дебелеат мастите, туку големите количества јаглени хидрати. Храната со малку јаглени хидрати се препорачува за одржување на телесната тежина. Консумацијата дава чувство на ситост, бидејќи содржи заситени масти. Затоа чувството на ситост е подолго, отколку ако се јадат јаглени хидрати. Сланината обилува со протеини. Тие се клучни за одржување на енергијата и се синоним за здрава храна. Сланината е богата и со витамин Б комплекс и цинк кои го јакнат имунитетот.

Оваа храна е одличен додаток на сите оброци во било кој дел од денот, само е важно да се консумира повремено и дневно по околу 30 грама или едно парче.

Loading