Полно здравје во смоквите

Според предците, смоквата е совршен дар од природата за здравјето, особено за мажите  па и на жените. Затоа  треба да се јадат секој ден.

Ако наместо слатки полни со шеќер, се изберат смоквите тоа е најпаментното нешто што можете да го направи.

Додека се сладиме со ова вкусно овошје, тоа значи дека се внесува најсовршениот подарок на природата. Иако сувите смокви се достапни во цела година, ништо не ги заменува свежите. Слатките меснати плодови може да се мрзнат, а подоцна да се користат за колачи и штрудли, џемови…

Благотворното дејство на смоквите почнува со лечење на акните и до превенција. Смоквите се богати со бета каротен, витамини А, Ц, Е и К, калциум, железо и други минерали.

Смоквите одлично го намалуваат ризикот од рак на простата. Помага со намалување на опасноста од рак на дојката по престанокот на менструацијата. Го турка холестеролот кој е виновник за создавање на наслаги и стеснување на артериите и да дојде до срцев или мозочен удар. Влијаат и на пад на триглицеридите. Поволно делуваат на нивото на холестерол во крвта. Тие се превенција од висок крвен притисок. Полни се  со омега 3 и омега 6, важни за здравјето на кардиоваскуларните органи. Калиумот го регулира крвниот притисок. Помош се при лекување на дијабетесот, но треба претпазливо да се користат. Умерените количини,  ја намалуваат потребата од инсулин кај дијабетичарите. Ја подобруваат меморијата  со редовно внесување. Спречуваат анемијата. Само четири суви смокви обезбедуваат четвртина од препорачаната дневна доза на железо што му е потребно на нашиот организам. Лек се за стомачни проблеми. Компотот е лаксатив. Познати се како лек за чир и гастритис. Ја намалуваат надуеноста, ја подобруваат функцијата на цревата и ги отстрануваат грчевите во стомакот. Ги уништуваат цревните паразити. Го подобруваат празнењето на цревата. Со секојдневно консумирање ефикасно се лекуваат хемороидите. Кога се нанесуваат директно на кожата, печените смокви можат да излечат воспаленија како што се апцеси и чирови. Пирето е одлично средство за чистење на кожата и помага во спречување и лекување на акни. За алергичните на млечни производи, го заменуваат калциумот од млекото. Имаат антивирусно дејство и делуваат смирувачки на воспалени бронхии. Корисни се  за закрепнување од исцрпеност и детоксикација. Нивниот млечен сок има силно антисептично и дезинфекционо дејство.  Богати се со диетални влакна, се користат во диети против дебелина. Богати се со калциум, кој ја одржува густината на коските. Особено се добри за деца во развој, бремени жени и постменопаузални жени склони кон остеопороза. Тритофанот во смокви лекува несоница. Ја зголемуваат виталноста, особено кај мажите. Одличен сојузник се во борбата против стресот, кој е еден од главните виновници за губењето на виталноста.

Loading