Поети од Македонија, Србија и Бугарија на Потеското Маркукуле

Се случи и седумнаесеттото ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ, со нов концепт, со повеќе од 200 автори во Зборникот и над 160 присутни, од кои 25 гости од странство. Летната сцена на ЦК “Марко Цепенков” беше преполна со љубители на поезијата на 10 август. Прилеп ја славеше поезијата и убавиот пишан збор. Градот ги сплоти поетите од неколку земји и од сите градови во Македонија’

Се потврди традицијата на меѓународна поетска манифестација која прерасна во препознатлив поетски бренд.

– Првото Поетско Маркукуле, на иницијатива на идејниот творец Љубен Димкароски Димкар и уште неколкумина вљубеници во пишаниот збор, се одржало на 11 август 2007 година. По 17. пат, се собравме да ја славиме поезијата и убавиот пишан збор. Прилеп остана културен центар за сплотување на поетите од Македонија со поетите од други земји – изјави Андриана Ристеска, претседател на Клубот на литературни творци – Прилеп.

Беше промовиран и Зборникот Поетско маркукуле 2024,  со 200 поети од земјава и странство, во кој, според Блага Тутеска, поетите ја воспеваат својата татковина, љубовта, среќата, радоста, болката…

Покровители беа општината и Министерството за култура и туризам.

Loading