Рен за топење на мрснотии…

Еден од најмоќните природни лекови не само што ја подобрува меморијата за 80 проценти, туку помага да се стопат мрсните наслаги е ренот.            Тој е природен засилувач на отпорноста на организмот. Содржи витамин Ц, калиум, калциум, магнезиум и фосфор, како и витамини од Б групата, а се смета за заштитник од настинки и други сезонски болести. Пикантноста се должи на гликозид синигрин, кој ги отвора синусните канали, а инхалацијата ги ублажува другите респираторни проблеми. Ренот е природниот антибиотик и конзерванс, оти го спречува размножувањето на бактериите. Погоден е за детоксикација, бидејќи го поттикнува чистењето на црниот дроб и исфрлањето на штетните материи од организмот. Пикантниот зеленчук го олеснува и стабилизира варењето и ги поттикнува цревата, особено ако се консумирало мрсна и солена храна. Облогите ја намалуваат вкочанетоста на мускулите, ревматските и главоболките. Чувар е на срцето со поттикнување на циркулацијата. Превентива е за кардиоваскуларни заболувања.

Ренот може да предизвика повраќање и дијареа ако се консумира во големи количини.

Се ренда свеж или се сервира во коцки, бидејќи кога се готви ги губи најголем дел од своите лековити својства.

Најексплоатиран рецепт е со 125 гр. рен, 4 лимони, 3 лажици мед, 2 лажици цимет и парче ѓумбир (околу 2 сантиметри). Се пасираат ренот и ѓумбирот во блендер. Се цеди сокот од лимонот и се додава во блендерот. Се меша, па се додава циметот и медот. Измешаната смеса се чува во тегла. Се дозира по една лажица двапати дневно пред јадење три недели.

Loading