Вакавска земја  – нова книга на Брајановски

Вакавска земја е насловот на нова книга од Драган Брајановски. На околу 200 страници авторот објавува поезија, белешки, пишува за битолско демирхисарските прекари, пренесува пцости и кавги, а на последните страници  толкувања на сонови и гледање на кафе.

Брајановски од рана возраст пишува, претежно љубовна лирика, херојска патриотска поезија, со сугестивен израз и возвишена инспирација. Со голем излив на емоција е неговата лирика за татковината и прогресот.

Автор е на повеќе книги, пишува хаику поезија и добитник е на повеќе награди и признанија.

Loading